Мартин Јорданоски

Мартин Јорданоски, актер. Роден 1987 година во Скопје.Основно и средно образование завршува во родниотт град. Аматерски се бави со театар од свои 14 години. Се запишува на факултетот за драмски уметности во класата на проф. Владимир Милчин, каде и дипломира. 2012 година ,,ТДМ,, станува негова матична театарска куќа. Имал преку 10 премиери и ги толкувал ликовите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и многу други. Во драмскиот театар го има играно ликот на Џанго во претставата ,,Грев или шприцер,,. Активен е и на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со македонската филхармонија, нах-синхронизирал над 30 детски анимирани серии, активен извидник е од 13 години, аматерски се бави со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам. На филмско платно се појавува во филмот ,,До Балчак,, каде ја игра главната машка улога. Филмот ,,Сенки,, и детскиот серијал ,,Петко 5+,, каде го игра ликот на Максимилијан.

Претстави со Мартин Јорданоски

  • Снежната кралица
  • Мачорот во чизми
  • Гига Мега бајка
  • Пепелашка
  • Петар Пан
  • Животинска фарма
  • Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор
  • Пат околу светот
  • Могли
  • Нашиот клас
  • Бајка за Царот Нај
  • Оливер Твист
  • Пипи долгиот чорап
  • Грдото пајче
  • Волшебникот од Оз
  • Рекламна бајка
  • Бескрајни соништа
  • Лакомата меца

Месечен репертоар

Јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Маркетинг