Емра Куртишова

Родена на 30.12.1985год. во Скопје. Во 2009та година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и асс.Сузана Киранџиска. Дипломира со претставата “Вртелешка” од Артур Шницлер во улога на Слатката девојка.За време на студирањето дел е од значајни работилници за размена на искуства во три фази – Македонија, Германија и Франција предводени од проф. Владимир Милчин.

 

2009та год.

  • Едукативна емисија “Зборувајте Македонски” на МТВ во режија на Владо Денчов.
  • Радио драми на македонско радио, посценарио на Владо Димовски.
  • Скопје ремикс - филм “Мангава диско панк” во режија на Саша Станишиќ.

2010та год.

  • Претстава “Лили” во режија на Софија Ристевска.
  • Претстава “Исти на различен начин” во режија на Наташа Поплавска.
  • Претстава за деца “Волшебникот од Оз” во режија на Нина Николиќ

2011та год.

  • Македонски народни приказни на Сител ТВ, во режија на Драган Вељановски.
  • Детски игран филм “Духот на баба Илонка” во улога на младата Илонка, во режија на Томислав Жаја.
  • Краткометражен филм “Г-ѓа Рубин” во улога на мед.сестра, во режија на Костадин Анастасов.
  • Кореодрама “Во нас” копродукција со Приштина, во режија на Наташа Поплавска.
  • Документарен филм “Иднината денес” во режија на Игор Иванов.

Во 2012та година се вработува во Театар за Деца и Младинци каде во моментов ги игра следните претстави:

  • Цветната улица во улога на принцезата Флора, во режија на Наташа Поплавска.
  • Грдото пајче во главната улога, во режија на Дејан Дамјановски.
  • Дкамерон копродукција со МНТ, во улога на Џулија, во режија на Боњо Лунгов.
  • “Пипи долгиот чорап”во улога на Аника, во режија на Драгана Попов Милошевски.
  • Рекламна бајка во улога на вештерката Камиша, во режија на Русомир Богдановски.

2013та год.

  • Руски сериски филм “Кум” во режија на Тимур Алпатов.

2014та год.

  • Во процес на две премиери во Театар за деца и младинци:
  • “Бајка за царот Нај” во улога на Сончев цвет, во режија на Коле Ангеловски.
  • “Нашиот клас” во улога на Рахилка, во режија на Владимир Милчин.

Претстави со Емра Куртишова

  • Едвард Раце Ножици
  • Том Соер
  • Сонот на Вилијам
  • Пепелашка
  • Рекламна бајка
  • Цветната улица
  • Грдото пајче
  • Пипи долгиот чорап
  • Бајка за Царот Нај
  • Нашиот клас
  • Пат околу светот
  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица
  • Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор
  • Животинска фарма
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг