Том Соер

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 55 минути
  • Премиера: 15.05.2019
  • Возраст: 6+
{JEVK2EMBED}

Режија: Деан Дамјановски
Драматизација: Горјан Милошевски

Том Соер“ ве носи во еден необичен свет полн со палави игри, неизвесност, детска љубов, хумани подвизи и многу, многу шеги и смеа. Ова се авантурите на Том Соер и неговиот неразделен другар, Хаклбери Фин. Тие живеат во малото, брливо гратче Сејнт Питерсбург каде топло се преплетуваат животните приказни на сите луѓе.

Т ом е палаво момче кое многу сака да игра, да се надигрува, да се надмудрува со сите. Тој е роден да биде водач и во него има толку смелост која само Хаклбери Фин и Беки Тачер знаат како да ја поттикнат. Тетка Поли цело време го брка и го опоменува зашто Том ја користи секоја прилика да „летне“ од дома право кај другарите. Тој никогаш не ја слуша ама ја сака и на тетка Поли тој и’ е многу мил. Сид е неговиот полубрат кој само го поткажува на Поли. Беки Тачер е девојката за која Том Соер мечтае дека некогаш, барем еднаш, ќе ја бакне. Таа е префинета, примерна ќерка на судијата Тачер, а Том Соер за неа е само еден лажлив мангуп, но се разбира, само на почетокот. Јасно е, тие двајца поцрвенуваат до уши еден за друг. Судијата Тачер е сериозен, мудар човек со многу манири и целата мешаница, што ја прави Том за Беки, не му е јасна. Бен Роџерс е другар на Том и Хак кој каде и да се појави свири и бучи како голема парна машина, како голем брод на пареа. Бен ужива да биде големиот брод Мисури, тој фантазира дека е најголемиот брод за крстаење во Америка. Шерифот Јанг е залежан и само спие, додека животот во гратчето фучи тој си р’чи. Има еден помошник, Џеремаја, секој ден трча по него и му ги завршува работите и само го фали: „Најдобар сте! Фантастичен сте г-дине Јанг!“ А Вајлд Вајлд Џо е многу опасен бандит, малку е трапав и збунет кога треба да викне на некој, но тој е доста итар и вешт на зборови кога навистина треба. Успева лесно да му се провлече на шерифот и целото гратче па дури и’ да го намести добродушниот пијаница Маф Потер. Така на невиниот човек ќе му се суди, може да добие и најстрога казна, но децата Том и Хак ја знаат вистината за Потер. Само тие се сведоци на една страшна и тајна случка за која е виновен Вајлд Вајлд Џо. Ама Том и Хак многу се плашат да кажат што се случило и бегаат на еден остров да си играат гусари со Бен Роџерс. Тие се колнат дека нема никому да кажат зашто ако дознае Џо, е тогаш е готово.

Дали децата или поточно кој од нив ќе се дрзне да ја каже вистината? Дали Том ќе ја бакне Беки? Дали Хаклбери Фин конечно ќе добие шанса и тој да си ја покаже храброста? Остануваат многу прашања на кои има одговор во Том Соер.

 

О ва е приказна за хуманоста и храброста на Том и Хак. Ова е приказна за детската љубов што ги извлекува сите добри особини и гестови од нашиот херој, Том Соер. Во исто време „Том Соер“ зборува за славата, за таа „круна“ што сите во гратчето сакаат да ја носат, сите сакаат да бидат славни барем поради едно нешто. Во оваа драма и претстава има многу сплетки, комични ситуации, опасности, брканици и игри. Кога се гледа тоа е како брзо и весело возење полно со изненадувања во еден голем „лунапарк“ што лежи на гратчето Сејнт Питерсбург, градските гробишта, островот на Мисисипи, судницата, куќата на духови и во чудната, мистична и убава пештера.

Драмски автор и драматург
Горјан Милошевски

 

Сценографија:

Филип Коруновски

Костимографија:

Елена Вангеловска

Музика:

Горан Трифуновски – Пајак

Media

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг