Театар за деца и младинци
Menu

Успешна полусезона

Н. У. Театар за Деца и Младинци ќе ја завцрши полусезоната во 2014 година со одиграни 101 претстава. Првата претстава оваа година театарот ја одиграл на 9-ти Јануари, а последните две ќе бидат претпремиерата и премиерата на новата претстава МОГЛИ. Овие две претстави ќе бидат одиграни во рамки на Скопско Лето на 14-ти, односно 15-ти Јули. Досега, заклучно со 15-ти Јуни, одиграни се 99 претстави со посета од 9468 гледачи.

Во првата половина од годината исфрлени се 2 премиери и тоа, БАЈКА ЗА ЦАРОТ НАЈ (детска претстава), во режија на Коле Ангеловски и НАШИОТ КЛАС (младинска претстава), во режија на Владимир Милчин. Кога на овие две ќе им се додаде новата претстава МОГЛИ (детска, куклена претстава), во режија на Боњо Лунгов, оваа полусезона ќе ја завршиме со, за нас одлични, 3 премиери.

Со други зборови, зад нас е уште една успешна полусезона. Со истото темпо ќе продолжиме и од Септември, со што до крајот на годината ќе го исполниме нашиот план да одиграме околу 200 претстави.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица