24 Март 2016

Театрите за децата од СОС Детско село Македонија

По повод 27 март, Светскиот ден на театрите, актерите ќе одиграат по една претстава во чест на децата од СОС Детско село Македонија, а приходите од претставите ќе бидат донација за нивното посреќно детство.

Во акцијата, „Театрите за децата од СОС Детско село Македонија“, се вклучени:

  • Театарот за деца и младинци со претставата „Волшебната флејта“, која се игра на 27 март 2016 година, со почеток во 12.30 часот;
    Волшебната флејта

  • Драмски театар, со претставата „Снежана и седумте џуџиња“,на 27 март 2016 година, со почеток во 11.30 часот;
  • Албанскиот театар, со својата претстава од 28 март 2016 година;
  • Македонскиот народен театар со претставата „Разговор во 4 очи“, на 30 март 2016 година, со почеток во 20.00 часот;
  • Театар Комедија со претставата „Случки од Хармс“, која се игра на 30 март 2016 година, со почеток во 20.00 часот;
  • Турскиот театар својата претстава, за децата од СОС Детско село Македонија ќе ја одигра на почетокот на април.

Јулијана Накова Гапо националниот директор на СОС Детско село Македонија, за оваа акција на театрите, изјави: „СОС Детско село Македонија оваа година слави 15 годишен јубилеј. Веќе 15 години сме посветени на обезбедување на топол дом, љубов, грижа на децата а пред се да обезбедиме среќно детство бидејќи секое дете тоа го заслужува. Нашата организација навистина може да се гордее со тоа што многу деца успеале да ги пребродат проблемите што ги носи животот и да му се радуваат на детството а и да бидат поподготвени за предизвиците кои ги чекаат во светот на возрасните. Не ја исклучувам можноста некое од овие деца, да биде маѓепсано со волшепството на театарот и еден ден да стане дел од актерите, кои во оваа пригода играат претстава посветена на нив. Ние, целиот тим на СОС Детско село Македонија, во името на децата им благодариме на хуманоста и на поветеноста“.



FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг