Театар за деца и младинци
Menu

Светски ден на театарот за деца и младинци

Почитувани,

Ве известуваме дека овој петок (20-ти март, 2015) традиционално се одбележува Светскиот ден на театарот за деца и младинци, под покровителство на Меѓунардоната театарска асоцијација „АSSITEJ“ (АСИТЕЖ). Годинава исто како и минатата одбележувањето на овој ден се одржува под мотото „Однеси дете в театар денеска“, акција која Театарот за деца и младинци во Скопје со децении успешно ја спроведува играјќи ги своите претстави пред полни сали задоволни и среќни деца.

АСИТЕЖ

По тој повод Театарот за деца и младинци,пред почетокот на претставата „Пипи долгиот чорап“, симболично ќе го одбележи овој значаен настан, со читање на светската порака. Инспирирани од мотото ние би сакале приходот од влезниците да го донираме на оние деца кои објективно не можеме да ги донесеме в театар, а тоа се децата и младите лица со оштетен вид од Државното Училиште Димитар Влахов.

Воедно, Ве информираме дека Театар за деца и младинци покрај овој значаен настан, ќе го одбележи и Светскиот ден на театарот кој треадиционално се одбележува на 27 март, кога на нашиот репертоар е претставата УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ, а приходот исто така ќе биде дониран за истата цел.

Со почит,
Н.У. ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ-СКОПЈЕ

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица