Театар за деца и младинци
Menu

Сезона 2014-2015

Н. У. ТДМ новата сезона 2014-2015 ја започнува со гостувања во три града во РМ. Во рамките на заложбите на Министерство за Култура, театрите во текот на годината да остваруваат гостувања во внатрешноста на државата, со акцент на средините кои немаат професионални театри, Н. У. Театар за деца и младинци – Скопје ќе оствари четири гостувања, три во втората половина на месец септември и уште едно гостување, кое ќе се реализира до крајот на годината.

На 14 Септември, недела, во Крушево театарот ќе ја одигра претставата ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА, во Театар Крушево, во 14 часот.

На 17 Септември, среда, ТДМ ќе гостува во Гостивар каде ќе ја одигра претставата МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА, во Центарот за Култура АСНОМ, во 12 часот.

На 23 Септември, вторник, ТДМ ќе гостува во Кочани, со претставата ЦВЕТНАТА УЛИЦА, во Центарот за Култура БЕЛИ МУГРИ, во 16.30 часот.

Пред гостувањето во Кочани Ве известуваме дека на 21 септември, недела, ТДМ ќе настапува на Интернационалниот Фестивал Млад Отворен Театар (МОТ), со претставата НАШИОТ КЛАС, на матичната сцена во Театарот за Деца и Младинци, во 20 часот.

НАШИОТ КЛАС на 12 октомври ќе гостува и на Интернационалниот Фестивал ЈОАКИМИНТЕРФЕСТ во Крагуевац, Р. Србија, Претставата ќе се одигра во Књажевско Српски Театар, почетокот е закажан во 20 часот.

Со редовниот репертоар ТДМ ќе започне на 25 Септември, четврток, со претставата ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП, во 19 часот.

Првата претстава во новата сезона, воедно ќе биде 106-тата претстава на нашиот театар во календарската 2014 година.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица