Театар за деца и младинци
Menu

[Рецензија] МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ" - МУЗИЧКО ИЛУЗИОНИСТИЧКА БАЈКА

Познатата бајка "Мачорот во чизми" на Шарл Перо, во нова адаптација, е најнова претстава на репертоарот на Театарот за деца и младинци - Скопје. Во инвентивна режија на Игор Ивковиќ (познат од алтернативната сцена и Театарот 007) и осовременета адаптација на Горјан Милошевски. Всушност, овој "Мачор во чизми" е нивна заедничка заложба за една поинаква сценска приказна: како лошото може да се замени со добро.

Замислена како магионичарско-илузионистичко шоу, Ивковиќ и Милошевски, заедно со целата актерска и друга авторска екипа, идејата за претставата ја подигаат на ниво на пораката дека доброто може да го победи лошото/злото. Низ разработката, во финалето порачуваат/покажуваат дека секоја подадена рака кон оние што се во неволја е она највредното што некој може да го направи.

Со сесрдната посветеност на актерите Мартин Јордановски кој го игра Мачорот Макс и Ненад Митевски, Мики Анчевски, Марија Трајановска, Емра Куртишова, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Винета Дамчевска, создадена е комедија во која доминантно е херојството кое се изразува низ игра, музика, магии и илузии (на илузионистот и магионичар Гого Реквием).

Низ сите елементи во постапката и оформувањето на претставата, иако првични им е наменета на децата, е забавна/поучна и за возрасните. Нема строга намена, и тоа е мошне добро осмислено и спроведено.

Мачорот, познат како манипулатор и лажго, сега е духовит и пргав. Таков и го игра Мартин Јордановски. Низ досетки и константна пргавост. Динамично и возбудливо. Таква е играта на сите осуммина актери: воедначена, брза, секој го следи другиот што е и видливата цел на режисерот Ивковиќ: да се забавуваат и тие и публиката.

macorot recenzija 1

Во претставата доминантен е заедничкиот добар дух кој, нели, е најдобар борец во битката против злото. Акцентот на толкувањето и на играта е интересно поставен. Чизмите кои се само обувки, значи предмет, кога Мачорот Макс ќе ги облече предизвикуваат чудо: добрина и подадена рака.

Тој убав и добро осмислен потег во идејата и реализацијата, е поткрепен со магионичарски и илизионистички елементи. Тој процес е проследен со убаво осмисленото светло и раскошот на боите, на сцената, на костимите, на играта.

Сè што е лошо - лукавствата, надитрувањето, злобата, расипаноста, низ играта во музичко магионичарска илузинионистича поставеност, се претвора во комедија во/со која се забавуваат и децата и возрасните. Добиен е суперхерој кој не функционира сам туку заедно со сите кои се во неговата околина. Значи, да се дојде, а се дошло, до заедништво на духот.

macorot recenzija 2

Целта е поубав живот, ослободен од материјални и други сплетки. Практично, приказната е "завртена": мачорот веќе не лаже, не е манипулатор, туку духовит херој кој ни е, практично, насушна потреба во ова извртено време на живеење. На сите нивоа. Разиграниот весел тон на претставата е на музиката на Бојан Петков ("Летечки пекинезери"), кореографијата е на Валентин Апостоловски, а дизајнот на сценографијата и костимите се на Маре Трајковска.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица