Театар за деца и младинци
Menu

Прес конференција за претставата “Гига Мега Бајка“

Почитувани,

На  ден 15.11.2016 ,(Вторник) со почеток од 10:00 часот во Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, ќе се одржи прес конференција по повод премиерната изведба на претставата „Гига Мега Бајка“во режија на Хана Миленковска и текст на Горјан Милошевски.

„Гига мега бајка“ е приказна која сака да ја поттикне имагинацијата кај децата и кај возрасните. Во неа се преплетуваат „Црвенкапа“, „Заспаната убавица“,мотиви и фрагменти од други познати бајки.Така ја добиваме, всушност, нашата нова „Гига мега бајка“.

Четири актери, со малку технички средства,со слоевита актерска игра, индуктивно ја градат оваа нова хибридна бајка. Пораката е дека секој треба да биде свој во раскажувањето, дека во светот на приказните сами ги создаваме правилата, а и сами доаѓаме до сопствени поуки.

Во заедничкото креирање на приказната, режисерката Хана Миленковска и авторот Горјан Милошевски, веќе ја интергрираат едноставноста на изразот на сцена. Акцентот е ставен на актерската игра и на моќта на детската имагинација.

Актерите, Мартин Јорданоски, Симона Спировска, Мики Анчевски и Бојан Кирковски вложуваат натстандарден напор, многу фантазија и идеи за да посветено ја пренесат идејата. Нивната исклучителна духовитост и вештина создаваат драмска слика во служба на автентичноста, свежата содржина и разбивањето на стереотипната нарација.

Брливиот и креативен печат на сценографот Владимир Лукаш и топлите и комични костими на костимографката Елена Додевска во соработка со прецизниот сценограф, Кире Василев, точните, духовити и креативни движења на кореографот Валентино Апостоловски како и современиот и динамичен звук на композиторот Виктор Апостоловски, се надополнуваат на главната намера, внесуваат нови аспекти и ги прават бајката и чувството за бајка побогати.

Драмски автор и драматург, Горјан Милошевски

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица