Театар за деца и младинци
Menu

Гостување во Прага

Н.У. Театар за Деца и Младинци ќе гостува во Прага, Чешка Репубика, со претставата МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА, која ќе се одигра во Театар Минарет на 16 Ноември во 15 часот. Ова гостување е во рамките на Македонските Денови на Културата што ги организира Министерството за Култура на РМ, по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу нашата држава и Чешката Република. Потсетуваме дека по истиот повод нашиот театар се претстави со истата претстава во 2012 година во Стокхолм, Шведска.

МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА е вистински репрезент на нашиот театар и нашата држава, а тоа го потврдуваат деветте меѓународни награди што оваа претстава ги има освоено на интернационални фестивали во регионот и пошироко.

Режијата е на светски познатиот режисер на куклени претстави проф. Боњо Лунгов, а во актерската екипа се Татјана Павловска Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир Лазовски и Предраг Павловски.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица