Театар за деца и младинци
Menu

Повик за прибирање понуди за 2018та година

Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА ПРЕДЛОГ ПРЕТСТАВИ ВО РАМКИТЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА 2018 година

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:

„Н.У. Театар за деца и младинци“ објавува повик за прибирање понуди за предлог претстави кои ќе бидат дел од годишната програма на театарот за 2018 година. Театарот ги повикува сите заинтересирани режисери, драмски писатели, актери и друг вид соработници, да достават предлог проекти и тоа за:

  1. Куклена претстава
  2. Детска претстава
  3. Младинска претстава

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи:

  1. Режисерска експликација
  2. Драматуршка експликација
  3. Сценографска експликација
  4. Костимографска експликација
  5. Детална финансиска конструкција

КРИТЕРИУМ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ:

Од понудените предлог проекти, „Н.У Театар за деца и младинци“ ќе ги селектира понудените предлози кои ќе ги задоволат следните критериуми:

  1. Актуелноста на предложениот проект
  2. Актерскиот потенцијал на Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје
  3. Предложениот концепт да кореспондира со начелата и принципите на репертоарната политика на театарот
  4. Финансиската конструкција

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Заинтересираните кандидати, потребно е да ги испратат своите предлог проекти на адреса:

Н.У. Театар за деца и младинци - Скопје
Ул. „Димитрије Чуповски“ бр.4
1000 Скопје, Р. Македонија

Или да ги достават по електронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 10.06.2017 година, до 16 часот.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани од надлежните служби во „Н.У. Театар за деца и младинци“, и со нив ќе се конкурира на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година, распишан од Министерството за култура на Р. Македонија.

Скопје, 15.05.2017
Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје

 

 

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица