13 Јануари 2016

„ПЕТАР ПАН – вечното дете во нас“

Петар Пан

Најновата претстава на Театарот за деца и младинци - Скопје – „Петар Пан“, е повторна средба на гледачите со ризницата на светската класична литература за деца.

Петар Пан - детето кое никогаш не израснува - е детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе. И што има поубаво од тоа: соништата кои ги носиме во себе понекогаш да се исполнат, или пак најчудните авантури кои сме сакале да ги преживееме да ни се случат и од вербата во тоа дека доброто секогаш го победува злото!

Со многу имагинација, хумор, песни и смеа гледачите ќе доживеат фантастични моменти во земјата Недојдија.

Ќе полетаат со нашите херои со помош на волшебниот прав. Ќе се сеќаваат на игрите од детството на пирати и Индијанци.

Ете, тоа е приказната за Петар Пан.

Режија: Боњо Лунгов

Месечен репертоар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Маркетинг

Тековни проекти

Сонот на Вилијам
Режија: Кренаре Невзати Кери