Со овации и долготрајни аплаузи беа поздравени актерите на Театарот за деца и младинци, кои со претставата „БЕСКРАЈНИ СОНИШТА“ ја освоија публиката на најголемиот светски фестивал за детски и куклени претстави во Измир, Турција.
Во периодот од 9-14 март, 2016 Театарот за деца и младинци, забележа голем успех на овој исклучително квалитетен фестивал, на кој учествуваа 52 професионални театри за деца.
Публика на фестивалот со воодушевување ги проследи сите четири изведби на претставата „БЕСКРАЈНИ СОНИШТА“, а исто така театарот, доби позитивни критики и покани од страна на менаџери на други светски фестивали за учество во текот на оваа и идната година.