Театар за деца и младинци
Menu

Конкурс за вработување

НУ „Театар за деца и младинци“ - Скопје, согласно Законот за работни односи Службен весник бр.74/2015, распишува конкурс за вработување на 2 актери – IV категорија на неопределено време.

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми за избор:

I Општи услови:

  1. Да е полнолетен
  2. Диплома за завршен Факултет за драмски уметности во земјава или во странство
  3. Да има општа здравствена способност за работното место
  4. Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

II Посебни услови

Селекцијата и изборот на кадидатите кои ги исполнуваат општите услови ќе се изврши преку аудиција од страна на Комисијата за избор.

  1. Даден текст изведба од страна на Комисијата за избор
  2. Интерпретација на текст или сценско дело по сопствен избор

Начин на аплицирање:

Апликациите на кадидатите задолжително треба да содржат:

  • CV – Биографија, која особено треба да ги содржи основните податоци за кадидатот, како и електронска адреса која ќе служи за достава на известувањата за текот на селекција.
  • Диплома за завршено образование (доколку кандидатот своето образование го стекнал во странство дипломата потребно е да биде нострифицирана)
  • Уверение за државјанство(се прифаќа и копија)

Предвидена нето плата за работното место Актер – IV категорија: 23 535 денари.

Апликацијата и прилозите треба да се достават до НУ „Театар за деца и младинци“ - Скопје ул. „Димитрие Чуповски“ бр.4 - Скопје, во затворен плик со назнака за ЗА КОНКУРС.
Сите апликации кои нема да ги содржат наведените документи ќе бидат отфлени од понатамошниот процес на селекција како нецелосни.

Кандидатите кои ги исполниле општите услови од Конкурсот во рок од 3 дена по крајниот рок на поднесување на апликациите ќе бидат известени за текот на аудицијата.

Краен рок на поднесување на апликациите е 15 (петнаесет) дена по објавување на огласот.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица