Театар за деца и младинци
Menu

Гран-при за македонската претстава "Нашиот клас"

Театарот за деца и младинци освои две награди за претставата „Нашиот клас“ - Гран-при за најдобра претстава и Награда за визуелност на 9. Меѓународен театарски фестивал „Јоаким интерфест“ во Крагуевац, Србија.

„Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓанек ја режираше Владимир Милчин. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Марјан Нечак.

Во претставата играат Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Куртишова, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Мики Анчевски, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Ненад Митевски и Драган Довлев,

По повод наградите за претставата, која ја изведе во неделата, Тетарот за деца и младинци за утре напладне најави прес-конференција.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица