Театар за деца и младинци
Menu

Донација за децата со оштетен вид

В петок, 20. март, традиционално се одбележува Светскиот ден на театарот за деца и младинци, под покровителство на Меѓунардоната театарска асоцијација „АСИТЕЖ“. Годинава исто како и минатата одбележувањето на овој ден се одржува под мотото „Однеси дете в театар денеска“, акција која  Театарот за деца и младинци во Скопје со децении успешно ја спроведува играјќи ги своите претстави пред полни сали задоволни и среќни деца.

По тој повод Театарот за деца и младинци, пред почетокот на претставата „Пипи долгиот чорап“, симболично ќе го одбележи овој значаен настан, со  читање на светската порака.

Пипи
- Инспирирани од мотото ние би сакале приходот од влезниците да го донираме на оние деца кои објективно не можеме да ги донесеме в театар, а тоа се децата и младите лица со оштетен вид од Државното Училиште Димитар Влахов. Театарот за деца и младинци покрај овој значаен настан, ќе го одбележи и Светскиот ден на театарот кој треадиционално се одбележува на 27 март, кога на нашиот репертоар е претставата „Убавицата и ѕверот“ а приходот исто така ќе биде дониран за истата цел – соопштија од Театарот.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица