Театар за деца и младинци
Menu

2014 низ бројки

182 претстави, 19.000 гледачи, 4 премиери, 3 меѓународни награди

Н. У: Театар за Деца и Младинци – Скопје оваа 2014 година ќе ја заврши со 182 одиграни претстави, со приближна посетеност од околу 19.000 посетители. За разлика од претходната 2013-та, одиграни се 14 претстави помалку, а посетеноста бележи пад од над 1.000 гледачи, што е логична последица од помалиот број на одиграни претстави. Сепак, треба да се земе предвид и тоа дека септемвриското реновирање на гледалиштето го намали капацитетот од 123 на 112 седишта.

Во текот на годината одржани се 4 премиери.

  • БАЈКА ЗА ЦАРОТ НАЈ од Снежана Иљоска Наумовска, во режија на Коле Ангеловски, на 19.02 2014 год.
  • НАШИОТ КЛАС од Тадеуш Слобоѓанек, во режија на Владимир Милчин, на 30.04 2014 год.
  • МОГЛИ во драматизација на Маја Енчева и Боњо Лунгов, а во режија на Боњо Лунгов, на 15.07 2014 год.
  • ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ во драматизација и режија на Бојан Трифуновски, на 17.12 2014 год.

Со тоа театарот ја комплетираше програмата од 2013-та и во целост ги реализираше одобрените проекти за 2014 година.

Во рамките на драмската програма за оваа година беа одобрени средства за гостување во внатрешноста од државата. Н. У. Театар за Деца и Младинци ги реализираше планираните 4 гостувања во Македонија, и тоа за помалку од половина предвидени средства. Во Септември гостувавме со претставата ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА во Крушево, со МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА во Гостивар и со ЦВЕТНАТА УЛИЦА во Кочани, Проектот беше комплетиран на 09.12 2014 год. во Гевгелија, каде ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА беше одиграна 2 пати едноподруго пред полно гледалиште.

Покрај овие домашни патувања, театарот го реализираше единствениот одобрен проект од програмата за Меѓународна Соработка за 2014 год. Се работи за ноемвриското гостување во Прага, Чешка Република, со претставата МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА, а во рамките на Денови на Македонска Култура, по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу двете земји.

Покрај тоа, театарот од сопствената приходна сметка финансираше и оствари две учества на еден детски фестивал и еден фестивал за возрасни и се врати од нив со 3 меѓународни награди. Двата фестивала се одржаа во Крагуевац, Република Србија, во два различни периода од годината. Детскиот Фестивал ЗЛАТНА ИСКРА се одржа во месец Мај, додека фестивалот ЈОАКИМИНТЕРФЕСТ се одржа во Октомври. На детскиот фестивал претставата БЕСКРАЈНИ СОНИШТА ја освои Наградата за колективна актерска игра, додека НАШИОТ КЛАС ја освои Гран-При наградата за најдобра претстава и Наградата за визуелност на претставата.

Покрај учеството на овие два меѓународни фестивала, театарот оваа година беше учесник и на 3 домашни фестивала. Претставата НАШИОТ КЛАС беше селектирана во официјалната конкуренција на Националниот Театарски Фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп и на Меѓународниот Фестивал Млад Отворен Театар во Скопје, додека претставата МОГЛИ доживеа фестивалска премиера на Скопско Лето.

Воедно, сакаме да информираме дека веднаш на почетокот од 2015 година во театарот ќе се реновираат фоајето и бифето, јавните и службените тоалети и комплетна реконстрикција на две помошни простории и нивно пренаменување во две нови гримјорни. Планот е да се отпочне за време на училишниот зимски распуст, а работите да финишираат до крајот на месец Јануари, како не би дошло до поголем застој во репертоарот. Заедно со веќе поставените нови столици во гледалиштето, театарот ќе ја стартува новата година со комплетно нов внатрешен изглед.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица