Displaying items by tag: Изабела Новотни

19 Октомври 2019

Едвард Раце Ножици

Режија: Нела Витошевиќ
По сценарио на Тим Бартон и Каролајн Томпсон

ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ е култен филм на познатиот американски режисер Тим Бартон. Инспирацијата за оваа приказна Бартон ја црпи од неговото детство во кое поради неговата интровертност бил перцепиран како чудак. За да ја прикаже својата емотивна состојба се нацртал себе си како човек кој место раце има огромни ножици. Оттука произлегла и идејата за сценариото кое тој го развил и напишал заедно со неговата соработничка Керолајн Томпсон. Приказната зa човекот со раце ножици, кој неговото опкружување не може да го прифати, станала популарна низ целиот свет, особено кај младинската публика.

Новонастанатата драматизација за претставата ја врамува приказната за Едвард на еден сосема поинаков начин од сценариото. За разлика од сценариото кое е структурирано како флешбек на еден од главните женски ликови, овде приказната за човекот со раце-ножици ја раскажуваат сите ликови. Во низата на настани се отсликува малограѓанштинта на жителите од градот, нивната конзервативност и неможност да се соочат со различноста. На почеток тие го доживуваат Едвард како некаква егзотика, како некој кој внесува свежина во нивното рутинско секојдневие, за брзо после тоа да го отфрлат и прогласат како опасен за околината. Нивната комфорна зона е разнишана и таа позиција набргу се покажува дека општеството не е спремно да ја напушти, ниту пак зрело да се соочи со поинаквоста. И неговата љубов кон младата Ким предизвикува проблеми во заедницата и затоа тој мора да го напушти градот и да се врати повторно во замокот.

Нашата претстава зборува за тоа дека треба да ги прифаќаме различните од нас и да ги надминеме предрасудите кон другиот. Во оваа смисла таа има за цел да ги постави прашањата за тоа колку е нашето општество зрело и колку сме ние зрели за соживот со некој што изгледа поинаку, зборува поинаку, се облекува поинаку од нас и.т.н. Дали се овие ставови сменети во ова ново време или сеуште тапкаме во место по овие прашања. Колку е нашата заедница спремна да го наруши сопствениот конформизам, за доброто на другиот? Колку сме себични и колку е општото добро приоритет, а колку личниот интерес?! Спремни ли сме да му ја запечатиме судбината некому поради тоа што е различен од нас? Дали идејата за промена сеуште не плаши?!

Драматизација:

Нела Витошевиќ и Ивана Ангеловска

Сценографија:

Костантин Трпеноски

Костимографија:

Роза Трајческа Ристовска

Композитор:

Огнен Анастасовски

Рецензии

(Културен печат) Со чувство на емпатија кон поинаквите

(teatarskikritiki) Претстава за различноста, другоста, толеранцијата

(globusmagazin.mk) „Едвард раце ножици“: Супериорен приказна за различноста

Прес центар

(nezavisen.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Современата бајка која се занимава со третманот на различностите „Едвард раце ножици“ утре премиерно во ТДМ

(a1on.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(vecer.press) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(opserver.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(makpress.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(mia.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(smart.sdk.mk) Премиера на „Eдвард раце ножици“ за младинци над 14 години

(fakulteti.mk) „Едвард раце ножици“ – претстава за тоа како општеството ги прифаќа различностите

(ekran.mk) Вечерва во ТДМ премиера на „Едвард раце ножици“: Современата бајка која се занимава со третманот на различностите

(slobodnaevropa.mk) „Едвард раце ножици“ на Витошевиќ или колку сме спремни да се соочиме со различностите

(24.mk) Премиера на новата младинска претстава „Едвард раце ножици“

published in Претстави

Режија: Срѓан Јаникијевиќ
Автор: Атанас Илков

Светски познатата бајка ПРИНЦЕЗАТА НА ЗРНО ГРАШОК, во текстот на бугарскиот драмски писател Атанас Илков во насловот претрпува промена и на нашиот репертоар се појавува како ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА. Ова е убедливо најстарата наша претстава што се уште е активна. Својата премиера оваа претстава ја имаше во далечната 1993 год.

Тоа е приказна за еден млад принц кој стасал за женење, па неговите родители, кралот и кралицата, решиле да му најдат вистинска принцеза за жена. Според старите обичаи вистинска принцеза е онаа која лежејќи на кревет ќе го почувствува и најмалото зрно грашок, скриено под душекот од креветот. Иако во претставата играат само двајца, актерите Изабела Новотни и Владимир Лазовски мајсторски ја исполнуваат сцената, па така се добива впечаток како да се работи за голем актерски ансамбл. Со своето актерско умеење и искуство овие двајца на секоја изведба до солзи ги насмеваат децата.

ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА во периодот од 1994 до 1998 година има освоено 4 меѓународни награди, меѓу кои и ГРАН ПРИ наградата за претстава во целина на Меународниот Фестивал БУРБОРАК 94 во Смолен, Р. Бугарија.

Асистент:

Горан Баланчевиќ

Сценографија:

Ангелина Атлагиќ

Костимографија:

Ангелина Атлагиќ

Музика:

Петар Ступел

Кореографија:

Александар Хаџиманов

published in Претстави

Режија: Петар Пашов
Автор: Вилхелм и Џејкоб Грим

Нема дете што не ја знае најпознатата бајка на браќата Грим. Поставена на нашата сцена уште во 1995 година, оваа куклена претстава се уште ја полни нашата сала и со право спаѓа во нашите евергрин претстави. Изабела Новотни суптилно и точно ја толкува Снежана, Владимир Лазовски неверојатно оригинално и духовито ја игра лошата Кралица, а Предраг Павловски е како создаден за добриот Ловец кој сакајќи да ја спаси Снежана на Кралицата и носи срце на некое шумско животно. Тројцата подеднакво успешно ги анимираат и куклите на седумте џуџиња. Повелете на СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА, забавата е загарантирана.

Играат:

Изабела Новотни

Владимир Лазовски

Предраг Павловски

Сценографија:

Силва Бачварова

Костимографија:

Силва Бачварова

Музика:

Петар Радевски

published in Претстави
16 Јануари 2010

Малата сирена

Режија: Дејан Дамјановски
Автор: Русомир Богдановски

Драги гледачи, добредојдовте во Морското театарче за деца!

 

 

Вечерва ќе ви ја прикажеме нашата волшебна, надалеку прочуена претстава „Малата Сирена“. Во неа ќе видите како големата и вистинска љубов победува и успева да ги помири сите различности. Но, ќе видите и колку е тежок и полн со искушенија патот на израснувањето и созревањето. Нашите актери, тука, пред вашите очи, ќе се престорат во Сирената, Принцот, Морскиот крал, Морската Самовила, Големата Сирена, Златниот крал, Морската Вештерка и Октоподот. Во овие 50-тина минути тие ќе ве водат низ подводни дворци, морски брегови, кораби, бури, подводни мрачни пештери и златни замоци за да ви ја раскажат најубавата и најромантичната приказна што некогаш е напишана. Искрено се надеваме дека ќе уживате во ова волшебно патување низ прекрасниот свет на Малата Сирена.

Поздрав и ќе се видиме кога светлата ќе се запалат. Вашиот аплауз е нашата награда!

Искрено Ваш Морскиот Рак Андерсен - директор на Морското театарче за деца

 

published in Претстави

Режија: Александар Ивановски
Автор: Русомир Богдановски

Според либретото на истоимената опера на В. А. Моцарт драмскиот писател Русомир Богдановски напишал одличен драмски текст за деца. Текстот ги содржи сите елементи на една класична бајка, во која се судираат доброто и злото, а љубовта секогаш е посилна од сите лоши магии на сите зли волшебници.

Помеѓу љубовта на главните протагонисти Памина и Тамино се испречува омразата на лошиот волшебник, кој се што е живо го скаменува со своите зли магии. Тамино, толкуван од страна на Драган Довлев како неспретен принц и со голема доза на хумор, тргнува да ја ослободи грабнатата од лошиот волшебник принцеза Памина, изиграна од секогаш маркантната и беспрекорна Ана Левајковиќ-Бошков. Значаен дел од приказната и дејствието на оваа претстава паѓа врз плеките на Предраг Павловски, кој овојпат во ликот на Папагено уште еднаш ја истакна својата сценска духовитост и снаодливост.

Ако сте нестрпливи да видите дали Тамино, помогнат од Папагено, ќе ја ослободи Памина од канџите на злото, повелете на ВОЛШЕБНАТА ФЛЕЈТА.

 

Сценографија:

Елена Дончева

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Љупчо Мирковски

published in Претстави
20 Декември 2012

Грдото пајче

Режија: Дејан Дамјановски
Автор: Ханс Кристијан Андерсен

Уште една лектира за основно образование, овојпат за најмладите. Познатата бајка на Ханс Кристијан Андерсен, во драматизација и режија на Дејан Дамјановски ја лансираше во насловната улога Емра Куртишова, која е дел од младите актерски сили на овој театар. Таа во полн сјај го изигра грдото пајче, а потоа покаже дека може да блесне и во улогата на прекрасен лебед.

Бебето лебед, по грешка испилено во гнездото на една пајка ја запознава суровоста на светот во кој е роден. Поради разликите во изгледот го добива прекарот Грдо Пајче. Не може да ги прифати подбивањата на најблиските и агресијата на останатите и почнува да талка по светот, барајќи го своето јато. Како и секоја бајка и оваа има наравоучение и среќен крај. Грдото пајче на крај сепак ќе се претвори во прекрасен лебед.

Драматизација:

Дејан Дамјановски

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Љупчо Мирковски

Кореографија:

Сања Шутевска

published in Претстави
4 Јули 2013

Оливер Твист

Режија: Срѓан Јаникијевиќ
Автор: Чарлс Дикенс

Претставата е работена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, кој е лектира во основното образование. Извонредната драматизација на добро познатата приказна, овојпат во стихови од страна на режисерот Срѓан Јаникијевиќ, им нуди на децата една сосема несекојдневна, нетипична и досега невидена детска претстава на нашата сцена. Жанрот на претставата е оперета.

Д етето Оливер, филигрански одиграно од големата актерска надеж на овој театар Бојан Кирковски, е жртва на застарените општествени норми, според кои дете што е зачнато и родено вон брак е срам за целата фамилија. Заради непопустливоста на неговиот дедо по мајка, Оливер Твист израснува во сиропиталиште. Продаден да чиракува кај гробар побегнува во Лондон. Авантурите во Лондон што го носат на трагата на неговите дедо и полубрат, се проткаени со пеење и свирење во живо. Живото пеење и актерското следење на приказната доминираат за време на целата претстава. Оливер Твист е една од најбараните и најпосетуваните претстави кај децата над 8-годишна возраст.

Драматизација:

Срѓан Јаникијевиќ

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Кирил Василев

Музика:

Игор Василев

Корепетитор:

Надежда Рубен

published in Претстави
17 Декември 2014

Пат околу светот

Режија: Бојан Трифуновски
Автор: Бојан Трифуновски според романот ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 80 ДЕНА од Жил Верн

Пријателството е најголемиот изум на нашата цивилизација. Љубовта е најмоќната сила на планетата. Ова се најважните пораки од нашата претстава, која ги прикажува нашите херои Паспарту и Филијас Фог во брза и динамична авантура околу светот за 80 дена. Хуморот и музиката се носители на пораките за одговорност, верност и принципиелност во време на распаѓање на моралот, војни и неизмерна алчност. Водени од потребата за подобар свет кој ќе се базира на знаење, храброст и љубов, Паспарту и Филијас Фог се запознаваат со многу култури на речиси сите континенти. Целиот свет како да заборавил колку е убав и раскошен. Секој на секого му е волк. Различностите што не дефинираа како богати култури се исчезнати. Сите се еднакво несреќни, сите се еднакво цинични, сите се еднакво загубени. Но, Паспарту и Филијас со својата етичка и позитивна мисла имаат намера да почнат промена. Сакаат свет во кој ќе бидеме горди на своите достигнувања, во кој добрата идеја ќе биде наградена, во кој децата ќе растат на вистинските принципи на соживот, разбирање, споделување и развој.

Сценографија:

Срѓан Митровиќ, Кирил Василев

Костимографија:

Искра Џокиќ

Музика:

Џијан Емин

Кореографија:

Симона Спировска

13 Јануари 2016

Петар Пан

Режија: Боњо Лунгов
Асистент: Маја Енчева

„ПЕТАР ПАН - вечното дете во нас“ Најновата претстава на Театарот за деца и младинци - Скопје – „Петар Пан“, е повторна средба на гледачите со ризницата на светската класична литература за деца. Петар Пан - детето кое никогаш не израснува - е детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе. И што има поубаво од тоа: соништата кои ги носиме во себе понекогаш да се исполнат, или пак најчудните авантури кои сме сакале да ги преживееме да ни се случат и од вербата во тоа дека доброто секогаш го победува злото! Со многу имагинација, хумор, песни и смеа гледачите ќе доживеат фантастични моменти во земјата Недојдија. Ќе полетаат со нашите херои со помош на волшебниот прав. Ќе се сеќаваат на игрите од детството на пирати и Индијанци. Ете, тоа е приказната за Петар Пан.

Драматизација:

Маја Енчева

Сценографија:

Дилјана Прванова

Костимографија:

Дилјана Прванова

Музика:

Михаил Шишков

Кореографија:

Константин Каракостов

published in Претстави
3 Декември 2017

Изабела Новотни

Образование

Универзите Св. Кирил и Методиј, Скопје - Факултет за драмски уметности (ФДУ) 1988-1992
дипломира во класата на проф. Димитри - Рули Османли

Професионално искуство

Вработена во Театар за деца и младинци во Скопје 1993 -

ПРЕТСТАВИ ОДИГРАНИ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

  • Оливер Твист
  • Грдото Пајче
  • Волшебната флејта
  • Попот и неговиот слуга Будал
  • Снежната кралица
  • Василиса прекрасна
  • Папагалчето Рики
  • Алиса во земјата на чудата
  • Крале Марко
  • Могли
  • Пепелашка
  • Црвенкапа
  • Пупи Паф
  • Двајца во еден
  • Малиот принц
  • Снежана и седумте џуџиња
  • Животинска фарма
  • Како сон
  • Спомени во ноќта
  • Зрното грашок и принцезата
  • Кралот Кускуле Први
  • Беше еднаш на Дивиот запад

Улоги на филм

Сенки (Изабела), режија Милчо Манчевски 2007

Ангели на отпад (Маргарита), режија Димитри-Рули Османли 1994

Телевизија

Обични луѓе (ТВ Серија) 2005

Мугра (ТВ драма) 1990

Во светот на бајките 1995-1999

  • Стотиот Клуч
  • Малиот Петар
  • Злата позлатена

Македонски народни приказни1995-1999

  • Сиромавиот што гледал в очи
  • Од доброто има подобро
  • Мома-војник
  • Магепсаното момче
  • Лошата свекрва
  • И многу добрина не чини
  • Илина и Илија
  • Пишман ќе бидиш и вака и така
  • Трипун и Богородица
  • Момата и дванаесетте месеци

Радио

Снимањје на радио драми и натсинхтонизација на цртани филмови 1995 - 1998

Актуелни проекти и ангажмани

Раководител на обука на воспитувачи во градинките во општина Кисела Вода 2013
во областа на театарот и работилница на кукли

Асистент на режија на претставата во Македонскиот Народен Театар - Аферата Елсинор 2013-2014
во режија на проф.Љубиша Георгиевски

Награди

Гран при за претставата Зрното грашок и принцензата на Меѓународниот фестивал во Смољан, Р. Бугарија 1994

published in Актери
Страница 1 од 2
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг